Леклерк гневен на своите во Ферари

EPA-EFE/SRDJAN SUKI

Шарл Леклерк продолжува да ги импресионира љубителите на Ф1, но се чини дека челниците на Ферари немаат слух за неговите одлични изведби сезонава. Леклерк на трите трки покажа дека е побрз од клупскиот колега но од Ферари инсистираат Фетел да биде прв возач на тимот. На јубилејната 1.000 трка во историјата на Формула 1 која се возеше за ГН на Кина му наредија во 11. круг да го пропушти Фетел кој на крајот заврши како третопласиран, додека Леклерк го загуби четвртото место од Верстапен.

– Ова е се навистина конфузно. Мора да постои добра причина за оваа одлука. Ќе мора да ја разберам пошироката слика во врска со се што се случи. Сакам да ги слушнам сите објаснувања за да сега не кажам нешто непримерно против тимот – изјави Леклер.

Веднаш по трката, од таборот на Ферери се обидоа да ја смират ситуацијата.
– Не сакавме да дадеме предност на било кој возач но го сторивме тоа што е најдобро за тимот во тие моменти. Јасно ми е како се чувствува Шарл, но мислевме дека Себастијан има повеќе шанси да се бори со болидите на Мерцедес. Леклер има право да биде лут и ние тоа го прифаќаме. Жал ни е што така испадна, но можеби следниот пат одлуката ќе биде во негова корист – изјави директорот на Ферари, Матија Биното.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот