Леклер збудале, четврта пол позиција по ред

twitter/formulaone

Шарл Леклер вози во фантастична форма и четврти пат по ред ќе стартува од пол позицијата сезонава во Формула 1 шампионатот. Со овој подвиг, Леклер успеа да се израмни со Михаел Шумахер и станаа единствените двајца возачи на Ферари кои најмалку четири пати по ред стартувале од пол позицијата.

Тој во квалификациите за трката за Големата награда на Русија, на патеката во Сочи, во финишот успеа да го надмине времето на возачот на Мерцедес,Луис Хамилтон. Леклер најбрзиот круг го извозе за 1:31.628 минути, додека Хамилтон заостана 40 стотинки.

Трето најбрзо време оствари првиот возач на Ферари, Себастијан Фетел, а четврти и возачот на Ред Бул, Макс Ферстапен.
Во пресрет на утрешната трка, Хамилтон е лидер во генералниот пласман со 269 бодови, 38 повеќе од Ботас, додека Леклер има 200.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот