Леклер најбрз во квалификациите за Големата награда на Шпанија

Шарл Леклер („Ферари“) оствари нова пол-позиција/Барселона, Шпанија/21 мај 2022/Фото: EPA-EFE/Enric Fontcuberta

Возачот на „Ферари“, Шарл Леклер беше најбрз во квалификациите и трката во Формула 1 за Големата награда на Шпанија ќе ја започне од пол-позицијата.

Откако беше најбрз на сите три тренинзи, Леклер стигна до пол-позицијата со резултат 1:18.750 мин.

Тој беше за 0,323 секунди побрз од актуелниот шампион, возачот на „Ред Бул“, Макс Ферстапен, кој трката на патеката Каталонија ќе ја започне од второто место.

Трето време имаше вториот возач на „Ферари“, Карлос Саинц, кој беше за 0,416 секунди побавен од својот клупски колега, четврти беше Џорџ Расел од „Мерцедес“, а петти вториот возач на „Ред Бул“, Серхио Перез.

„Десетката“ ја комплетираат Луис Хамилтон, Валтери Ботас, Кевин Магнусен, Даниел Рикардо и Мик Шумахер.

Моментно во генералниот пласман кај возачите води Леклер со 104 бодови, пред Ферстапен кој има 85, а трет е Перез (66). Кај конструкторите лидер е „Ферари“ со 157 бодови, пред „Ред Бул“ (151) и „Мерцедес“ (95).

Трката за Големата награда на Шпанија ќе се вози в недела на 22 мај од 15.00 часот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот