Леклер ја освои пол-позицијата во родното Монте Карло

Шарл Леклер беше најбрз во квалификациите што се возеа низ улиците на Монте Карло/ фото: EPA-EFE/CHRISTIAN BRUNA

Возачот на Ферари, Шарл Леклер ја освои пол-позицијата пред утрешната трка за Големата награда на Монако, што ќе се вози низ улиците на Монте Карло.

Леклер кој е роден токму во Монте Карло, победи во квалификациите со време од 1:11.376 минути, а второто место го зазеде неговиот клупски колега Карлос Саинс кој заостана 0.225 стотинки.

Во вториот стартен ред на утрешната трка ќе бидат возачите на Ред Бул, Серхио Перес кој беше трети и актуелниот шампион Макс Ферстапен.

Меѓу првите десет во квалификациите се најдоа и Ландо Норис, Џорџ Расел, Фернандо Алонсо, Луис Хамилтон, Себастијан Фетел и Естебан Окон.

Видео на денот