Леклер е иден шампион

EPA-EFE/SRDJAN SUKI

Младиот возач на Ферари имаше одличен настап на двете трки во Ф1 шампионатот, на првата трка во Австралија беше петопласиран и тоа само поради шефовите на Ферари кои не му дозволија да го претекне клупскиот колега Себастијан Фетел иако беше побрз од него.

На втората трка во Бахреин, Леклер беше уште подобар, заврши како третопласиран, а доколку не му се случеа техничките проблеми со болидот, ќе се бореше за победа.

– Во Леклер го гледам идниот Ф1 шампион. Беше најбрз возач на последната трка, а ние имавме голема среќа. Шарл е добро момче, пристоен е и скромен, а кога ќе седне зад воланот не знае за страв. Тоа што е брз, добар и што ги контролира емоциите многу ќе му помогне во кариерата – вели Тото Волф, претседателот на Мерцедес.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот