29 C
Скопје

„Лекип“ со скандалозен текст го нападна Ѓоковиќ: Толку сака да биде омилен што не можам да го поднесам

Новинарката на угледниот француски „Лекип“, Кристел Боне, напиша текст со наслов „Нема љубов за Ѓоковиќ“ со кој жестоко го нападна најдобриот светски тенисер.

Нетрпението кое западните медиуми го имаат кон Новак Ѓоковиќ, за што е свесен и самиот тенисер, сега го докажа и угледниот француски спортски весник „Лекип“.

Новинарката Кристел Боне напиша текст со наслов „Нема љубов за Ѓоковиќ“ во кој го омаловажува успехот на Новак Ѓоковиќ со освојувањето на титулата во Австралија Опен иако играше со повреда на стомачните мускули.

Зошто сакаме некого? Или да ја скратиме приказната, зошто сакаме некој спортист повеќе од друг, на пример? Имавте чувство на изнервираност кога слушнавте дека Новак Ѓоковиќ триумфира на Австралија Опен. Тој по деветти пат го освои тој турнир, има 18 грен слем титули, речиси исто како Рафа Надал и 310 недели е на првото место на АТП, баш како и Рожер Федерер“, пишува Кристел за „Лекип“.

Потоа новинарката отворено пишување за тоа колку не го сака првиот тенисер на АТП ранг листата.
Новак би можел да игра против панголин (животно во Африка со боцки по цело тело – н.з) и повторно би размислувале дали да навивате за него. Постојат повеќе хипотези за тоа – можеби тоа е неговото тело, но доколку сте биле фан на Иван Лендл, тогаш веројатно тоа не е причина. Можеби е тоа што дојде по тандемот Надал-Федерер, што остави многу малку љубов за него. Или можеби поради неговата преголема желба да биде сакан, како што секогаш љубезниот Ник Кирјос рече„“ Сака да биде толку сакан да не можам да го поднесам“.

Новинарката потоа ги споменува и неговите потези.
„Вистината е дека ништо не му помага. Без разлика дали го крши рекетот или е внимателен со собирачите на топчиња, но најлош случај вас тоа ве нервира, а во најдобар на вас ви е гајле. Во Мелбурн тврдеше дека играше со скинат стомачен мускул. Со такви работи би се мачеле дури и Одмазниците“.

На крајот од текстот, Кристел Боне го има најголемиот напад на Ѓоковиќ.
„“Не заборавајте, тој го освојува Австралија Опен сервирајќи 200 километри на час со Маријански ров во стомакот (Маријанскиот ров е најдлабокото место на планетата). Тој ве нервира. Не затоа што направил повеќе од вас, туку едноставно ве нервира“.

Поврзани вести

Фудбалерките во Холандија може да играат за аматерски машки екипи

Слободен печат

„Марка“: Пандев е лидерот, Македонија како „Пепелашка“ на Европското првенство

Слободен печат

ВИДЕО: Ѓоковиќ лут кон главниот судија, уште колку сакаш да се игра?

Слободен печат

Спортските натпревари и понатаму ќе се организираат без присуство на публика

Слободен печат

Братска љубов: Шалке и Вардар заедно испаднаа, заедно посилни ќе се вратат!

Слободен печат

Ѓоковиќ брутално искрен: Доаѓаат промени, младите ќе ме симнат од тронот

Слободен печат

Остави Коментар