„Лекип“ го нападна челникот на Јувентус: Ањели е опасност за иднината на европскиот фудбал

Андреа Ањели е за промени во европскиот фудбал/Фото: EPA-EFE/Juan Carlos Hidalgo

Францускиот „Лекип“ го означи претседателот на Јувентус, Андреа Ањели како лидер на диктатурата на големите фудбалери.
„Лекип“ го нападна Ањели дека е предводник на групата на најголеми фидбалски екипи кои сакаат да излезат од системот на УЕФА и да создадат свое сопствено натпреварување.

– Лигата на шампионите е ќерка родена од љубовта и идејата на „Лекип“ кој го врачи првиот трофеј на победникот Реал Мадрид, додека во иднина од диктатурата ќе се создаде ќерка налик на нивната алчност и слабостите на УЕФА. Најуниверзалниот спорт на планетата ќе стане заложник на каста на која институциите и се поклонуваат од страв дека повеќе нема да добиваат бенефиции“, пишува колумнистот на „Лекип“, Венсан Дулик кој не штеди зборови во обвинувањата кон Андреа Ањели.

„Ањели е опасност за иднината на европскиот фудбал, УЕФА е преслаба за да му се спротивстави. Реформата на Лигата на шампионите може да ја спречи појавата на Супер лига која ќе ја уништи културата и историјата на европскиот спорт. Пред една година Ањели како човек кој највеќе и штети на идејата на универзалноста на фудбалерите изјави дека присуството на Аталанта во Лигата на шампионите е неправедно. Мислам дека ние знаеме што е неправедно – тој кој со некои свои пријатели сака да ја креира иднината на европскиот фудбал“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот