ЛЕКЦИЈА НА ПУТИН: Како рускиот лидер ги урна санкциите на западните земји и ја ослободи Русија од банкарските долгови – Слободен печат
ВестиЕкономија

ЛЕКЦИЈА НА ПУТИН: Како рускиот лидер ги урна санкциите на западните земји и ја ослободи Русија од банкарските долгови

Службените статистики покажуваат дека Кремљ сега лесно може да ги подмири сите долгови доколку изненадно би било потребен таков чекор. Од 1 август, вкупниот долг на земјата (надворешниот и внатрешен државен долг) изнесуваше 16,2 милијарди рубљи (248 милијарди долари) или 15 отсто од бруто домашниот производ (БДП), што малку помалку од 17,6 милијарди рубљи (269 милијарди долари) 16,2 отсто БДП, колку што Русија има на готовинските депозити во Централната банка и комерцијалните банки.

Русија по се изгледа ја подигна својата политичка и финансиска независност на една ново, повисоко ниво. Руските власти одговорија на сакнциите од западот и падот на цената на нафтата со натрупување на резерви со кои може да осигура сопствена финансиска стабилност. Строгата должничка дисциплина придонесе за созадавање на услови во кои задолженоста на Русија е „помала од нула“, објави „Дневно.хр“.

Службените статистики покажуваат дека Кремљ сега лесно може да ги подмири сите долгови доколку изненадно би било потребен таков чекор. Од 1 август, вкупниот долг на земјата (надворешниот и внатрешен државен долг) изнесуваше 16,2 трилиони рубљи (248 милијарди долари) или 15 отсто од бруто домашниот производ (БДП), што е малку помалку од 17,6 трилиони рубљи (269 милијарди долари) или 16,2 отсто БДП, колку што Русија има на готовинските депозити во Централната банка и комерцијалните банки.

Во овие бројки не е прикажан комерцијалниот долг, но дури и ако тој се земе во обзир, руската економија потворно изгледа подобро во однос на останатиот свет. Поради глобалната финансиска криза од 2008 година, голем дел на светските економии беа принудени да земаат големи заеми за да избегнат влегување во рецесија. Според податоците на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), најбогатите земји воедено се и најзадолжени.

Вкупниот светски долг за 2017 година достигна рекордна сума од 184 милијарди долари (225 отсто од светското БДП). Ако тој долг се подели на сите луѓе на планетата, тој би изнесувал 86 илјади долари по глава на жител. Трите најголеми должници на светот во моментов се САД (256 отсто од БДП), Кина (254 отсто од БДП) и Јапонија (395 отсто од БДП). На овие три земји им припаѓа повеќе од половината на светскиот долг, со што тој е поголем од нивниот удел во светското производство.

– Во однос на Русија, нејзиниот долг во 2017 година изнесувал 84 отсто од БДП, со тоа што 71,5 отсто преставува комерцијален (или приватен) долг, или поточно 879 долари по глава на жител. Резервите на Русија оваа година првпат ја надминаа бројката од 500 милијарди долари. Тоа значи дека руската економија може да осигура стабилност на својата национална валута во случај на опасност од нови потенцијални сакнции во иднината – истакна Гајдар Гасанов, експерт на Меѓународниот финансиски центар во Москва.

Сепак, оваа политика има своја цена, велат експертите. Резултат на штедењето на средствата, наместо нивно вложување во стимулација на растот на екомонијата предизвика дополнителна стагнација, смета Сергеј Суверов, аналитичар од финансиската компанија „БСК Премиер“.

– Растот на бруто домашниот производ во првото полугодие на 2019 година изнесува 0,7 отсто. Тоа доведе до единствена ситуација која укажува на висока солвентност на руските обврзници, но воедно и на помала привлечност за инвестирање во Русија. Инвеститорите сакаат да видат развој на економијата, а него го нема – смета Суверов.

Од друга страна, таквото економско штедење би можело да биде принудно решение, смета Антон Биков, аналитичар од Центарот за аналитика и финансиски технологии.

– Таквата политика ја натера власта да ги редуцираат социјалните давачки и да ги зголемат даноците, што не оди во прилог на популарноста на сегашната власт. Што ја поттикна владата да спроведува ваква политика? Веројатно во иднина се очекува намалување на државните приходи поради сè побавното темпо на раст на светската економнија и тоа во ситуација кога пристапот на Русија до западниот инвестициски пазар е затворен – анализира Биков.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close