Лекарско здружение: Германија веќе се бори со втор бран на коронавирусот

Ковид болница. / Фото: EPA-EFE/MATTHIAS RIETSCHEL / POOL

Германија веќе се бори со втор бран на коронавирус. Во последните неколку недели бројот на потврдени дневни случаи на коронавирус постојано се зголемува, при што здравствените експерти предупредуваат дека неодржување хигиена и непочитување на правилата за физичка дистанца придонесуваат за ширење на вирусот.

– Веќе сме во втор бран, изјави Сузана Џона, претседателка на германското лекарско здружение „Марбургер Бунд”.

Таа ги повика луѓето да се придржуваат кон правилата за одржување физичко растојание и лична хигиена и да носат заштитни маски.

Џона истакна дека болниците се подготвени и постепено ќе обезбедуваат кревети за интензивна нега на пациенти со Ковид-19, а истовремено постепено се намалува бројот на планирани приеми во нормалните одделенија.

Најголемата европска економија досега ја помина пандемијата со многу помалку смртни случаи отколку некои големи соседни земји, како Франција и Италија, поради масовното тестирање, добро опремениот здравствен систем и придржување кон социјалното дистанцирање.

Во последните 24 часа бројот на потврдени случаи на зараза со коронавирус изнесува 879, со што вкупниот број во земјата достигна 211.281. Регистрирани се нови осум смртни случаи, со што бројот на починати се зголеми на 9.156 лица, покажуваат податоците на Институтот за инфективни заболувања „Роберт Кох”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот