Лекарската Комора до медиумите: Да се избегнува практиката на објавување на имиња и презимиња на доктори за кои се поведува постапка пред надлежните институции

Лекарската комора преку соопштение од новинарите бара да се почитува пресумпција на невиност и да се избегнува практиката на објавување на комплетните имиња и презимиња на доктори за кои се поведува некаква постапка пред надлежните институции.

Овластените институци без влијанија и пристисоци, како што посочуваат од Лекарската комора, си ја извршуваат својата задача која се базира врз факти и стручни заклучоци од страна на експерти по одредени, соодветни области.

– Секое истапување во јавноста со делумни информации за покренати постапки за спроведување на вонредни стручни надзори за доктори на медицина, внесуваат голема конфузија и го рушат угледот и достоинството на докторите. Исто така, секое објавување на името на оние за кои е покрената истражна или друга постака е прејудицирање на вината и со право може да се смета дека е форма на притисок врз надлежните институции и јавноста, искривувајќи ја сликата за вистината, истакнуваат од Лекарската комора.

Комората го поддржува навременото, објективното и аналитичко информирање на јавноста за сите настани и појави во здравството, но не и предвремената јавна осуда на инволвираните лица и институции, поаѓајќи од неприкосновеното правило за тоа дека секој е невин додека со судска одлука не се констатира спротивното. Од тие причини, Лекарската комора на Република Северна Македонија најосторо реагира на сите постапките на медиумите и новинарите со кои се разрушува угледот и достоинството на докторската професија, стои во соопштението

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот