Лекарска комора: Со употребата на термини како „грешки во лекување” се нанесува директна штета на угледот на целата лекарска фела

Лекарската комора предупредува дека индивидуалните и неаргументирани тврдења за ковид-19 на доктори и здравствени работници населението може да ги сфати сериозно, а со употребата на термини како „грешки во лекување” се нанесува директна штета на угледот на целата лекарска фела и се создава страв и недоверба кај граѓаните во здравствениот систем и здравствените работници.

Оттаму додаваат дека ваквите ставови можат да влијаат врз одлуката на пациентите да не побараат медицинска помош и со тоа директно да го загрозат своето здравје, но и да поттикнат вербални и физички напади врз здравствените работници.

„Лекарската комора најостро реагира на тоа што во последно време сè почесто во средствата за јавно информирање се публикуваат написи, коментари, изјави и интервјуа на доктори чиишто ставови не се базирани на медицински докази или на лично искуство и директна работа со ковид пациенти. Со ова целосно се девалвира трудот на докторите кои се вклучени во лекувањето на заболените со ковид-19“, велат од Лекарската комора.

Прочитајте и...  ВИДЕО: Драма во Грузија: Неидентификувано лице нападна банка, зеде 20 лица за заложници и бара пола милион долари

Затоа, Лекарската комора апелира до докторите и здравствените работници кои настапуваат во јавност, тоа да го прават со сериозен и стручен пристап, со точни информации и научни доктрини, аргументирани и поткрепени со докази.

„Докторите и здравствените работници не смеат да заборават дека нивната улога во справувањето со пандемијата е клучна, а секој поединец треба да даде придонес и поддршка на своите колеги кои работат со пациентите со ковид -19. Голем број здравствени работници дури и доброволно се вклучија во борбата со ковид -19 и сé уште се во жариштата на епидемијата во земјава, а борбата со вирусот и натаму ни претстои, до пронаоѓање на вакцина или лек“, велат од Лекарската комора.

Лекарската комора најостро реагира на тоа што во последно време сè почесто во средствата за јавно информирање се…

Publiée par Лекарска комора на Македонија / Oda e Mjekëve të Maqedonisë sur Vendredi 25 septembre 2020

 

Прочитајте и...  Нови одлуки: Кафулињата и рестораните ќе работат до 23 часот, администрацијата во смени или онлајн

Поврзани вести

Утровот бил на Влада, попладнево позитивен: Германскиот министер за здравство Јенс Шпан со ковид-19

Слободен печат

Атентат врз Самуел Пати: Истрага за седум лица меѓу кои и двајца малолетници на возраст од 14 и 15 години

Слободен печат

Образложение на чешкиот премиер Бабиш за новите ограничувања: Извинете, но здравствениот систем може да пропадне меѓу 7 и 11 ноември

Слободен печат

Премиерот на Баварија предупредува: Постои ризик ковид-19 да излезе од контрола во Германија

Слободен печат

Ажурирани протоколите за заштита од ковид-19

Слободен печат

Заев во најновиот анкетен лист пријавил поголем имот

Слободен печат

Остави Коментар