Лекарот на Бен Афлек им покажа средни прсти на папараците! (ФОТО)

Instagram

Проблематичниот актер Бен Афлек (47) уште еднаш се најде во окото на јавноста. Поточно, не толку тој, туку неговиот лекар. Се започна кога папараците се појавиле пред влезот на актерот со надеж дека ќе „уловат“ интересни кадри, бидејќи Бен од неодамна е во врска со актерката Ана де Армас (31).

Сепак, овој пат Афлек не беше главниот актер на приказната, туку нервозниот лекар кој очигледно не е навикнат да позира пред објективите на камерата. Откако завршил во домашната посета, тој бил снимен како излегува од дворот на Бен. Кога започнале да го снимаат, тој без срам покажал среден прст со двете раце.

Profimedia

Видно нервозен и лут, така им мафтал на фотографите додека не седнал во автомобилот и се упатил во непозната насока. Тоа што привлече дополнително внимание е дека капутот на лекарот потполно бил прекриен со животински влакна.

Инаку, Афлек пред 2 години службено се разведе од актерката Џенифер Гарнер (47). Тој и денес е во добри односи со неа, а му беше и најголема поддршка за време на неговата битка со алкохолизмот.

Сега тој се гледа со Ана де Армас која ќе имаме прилика да ја гледаме во новиот филм на Бонд „No Time to Die“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот