Лекарката од Шведска ја врати Нобеловата награда што никогаш не ја добила?

Фото: EPA-EFE/ Stina Stjernkvist

Веста дека шведската лекарка која во 1988 година доби Нобелова награда за мир како член на мировните сили на Обединетите нации (ОН) ја враќа наградата, брзо се рашири во регионот.

Додека австрискиот книжевник Петер Хандке вчера во Стокхолм ја примаше својата Нобелова награда за книжевност за 2019 година, а неговите противници остро протестираа за оваа одлука. Во морето од бурни реакции со кои се оспорува одлуката на Нобеловиот комитет, се издвои реакцијата на лекарката Кристина Доктаре.

Таа, како што наведува „Спутник“, стоела меѓу собраните луѓе пред центарот АБФ во Стокхолм и со високо подигнатиот медал во рака, ја соопштила драматичната одлука: „Ја враќам својата Нобелова награда!“.

Приустните нејзиното обраќање го проследија со бурен аплауз и гласно го скандираа нејзиното име.

Меѓу собраните луѓе беа и Алида Бремер, германска писателка со хрватски корени, германската и француска новинарка Елке Шмитер, како и Флоранс Артман, американскиот новинар Рој Гутман, Емир Суљагиќ, директорот на Меморијалниот центар Сребреница – Поточари, членот на норвешниот Хелсиншки комитет Енвер Џулиман, како и Мирсад Дуратовиќ, претседателот на Регионалниот сојуз Здружение на логораши од регионот на Бања Лука.

Во информацијата која светските и балканските медиуми ја пренесоа дека Нобеловата награда на Доктаре се наведува дека наградата ја добила во 1988 година, како членка на мировните сили на ОН.

Колку оваа констатација е точна, се прашува „Спутник“, кои објавија дека на сајтот на Нобеловиот комитет меѓу имињата на добитниците на Нобеловата награда за мир во таа година, нејзиното име го нема. Наградата, имено, како колектив ја добиле сите припадници на мировните сили на ОН од 1948 до 1988 година, што е вкупно повеќе од 500.000 луѓе од 53 земји во светот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот