Лекарка што била во контакт со починатата жена од Куманово, има коронавирус

Вие кои не морате да одите на работа, седете дома. Не одете на кафе по комшии, правете муабет на растојание од два метри ако веќе морате. Користете мобилен за муабет, напиша докторката на својот Фејсбук профил. 

Доктор Гордана Николиќ од Куманово, која била во службен контакт со починатата жена кај која пост мортем беше откриено присуството на коронавирусот, е исто така позитивна за ковид 19.

-Ковид 19 не е шега! Да, позитивен ми е тестот. Денес дознав, шок. Не сакам да верувам. Немам на писмено ама ми соопштија. Ова не се крие, се кажува. Допрва ќе има случаи. Но, за нас медицинските лица тоа е нешто што знаеме дека може да ни се случи, данок на професијата, космонаутската заштитна маска доцна ја купив значи. Можам само да претпоставам од кого го добив, не да тврдам. За тоа епидемиолозите ќе се погрижат, ако можат воопшто нешто да најдат. Имав коонтакт, службено и со заболената која почина, имав контакти и со здрави луѓе на работа. Не шетав никаде надвор од Македонија. Не знаеме кој е носител а е навидум здрав. Никој не сака свесно да пренесе некому затоа седете дома. Вие кои не морате да одите на работа, седете дома. Не одете на кафе по комшии, правете муабет на растојание од два метри ако веќе морате. Користете мобилен за муабет, напиша докторката на својот Фејсбук профил.

Таа додаде дека ќе биде во домашен карантин.

-Еве ќе бидам во карантин дома, нема да излегувам од дома за да не ми се плашат прво комшиите во влезот. Нема ни во лифт да се возам да знаат. Кеси со храна и друго пред врата ќе ми оставаат мои блиски и откако ќе си заминат ќе ја земам кесата. Не се плашам за мене, се плашам за другите. И се си мислам дека ова е лош сон ама не е. Реалност е. Отидов да пијам чај и сок од лимони, да правам смути, да пијам суплементи. За сега сум океј, освен главоболка и лесно кашлање немам други симптоми. Цел живот со нешто се борам и еве пак. Чувајте се, постот го пишувам за доброто на сите, истакна доктор Николиќ.

Таа доби поддршка и пораки за брзо закрепнување од многу граѓани, меѓу кои и пратеникот Антонио Милошоски, кој пораката од доктор Николиќ рече дека е многу сериозна и совесна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот