Лекарите во Вухан ќе бидат сместени на крузери

Првиот брод „Блу вејл” пристигна во Вухан од Јичанг преку реката Јангце.

Кинеските власти ќе обезбедат сместување на седум крузери за здравствените работници во градот Вухан, кој е епицентар на епидемијата на коронавирусот.

Десетици илјади здравствени работници се донесени во провинцијата Хубеи и градот Вухан од сите делови на Кина, со цел да се помогне во спречување на вирусот и лекување на заразените.

Првиот брод „Блу вејл” пристигна во Вухан од Јичанг преку реката Јангце.

Седумте бродови имаат вкупно 1.469 кревети. Овие бродови обично се користат за пловење низ реката Јангце во областа позната како „Три клисури”.

Се очекува здравствените работници на бродовите да имаат добри услови за престој, за да можат да се одморат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот