Лекарите порачаа: Или ќе престане насилството или ќе престанеме да работиме (ФОТО + ВИДЕО)

Асоцијацијата на млади лекари од денешниот протест испратија како што рекоа последно предупредување за тоа дека или ќе престане насилството врз нив или ќе престанат да работат односно ќе почнат протест што нема да заврши.

Фото: Слободен печат

Кога ќе се случи тоа односно колкав рок ќе дадат не кажаа, но испорачаа пет барања. Прво итно да се донесе Законот за докторка дејност, законски да се санкционира секој напад, да се вклучат сите асоцијации во планирањето и организирање на здравствени политики и организација на ефикасен систем за санкција на несоодветен и непрофесионален однос од страна на здравствените работници.

-Ова ќе биде наша последна опомена нема да дозовлиме да работиме во страв. Медицинскиот пероснал во земјава е најниско платен во Европа, а има голем обем на работа. Носи тежок товар не смее незадоволството од системот да се истура врз лекарите.Доста е. Време е за подобрување на условите за работа на лекарите но и подогање на квалитетот на услугата што ја добиваат пациентите. Ако во брзо време ќе се најде решение ќе престанеме да работите се додека овие прашања не бидат решени – вели Лазаров.


Меѓу присутните на протестот беше и министерот за здравство Венко Филипче, синдикатот на клинички како и претседателката на Лекарската комора Калина Гривчева Старделова.

Филипче им порача на пациентите дека лекарите се со нив.

-Секојдневно се грижиме за вашето здравје, но и здравјето на вашите најблиски. Моето присуство на денешниот протест е поддршка, затоа што со насилство врз здравствените работници не се постигнува ништо. Нападот е недозволив и казнив според закон. Преземавме конкретни мерки со мобилна полициска патрола на најкритичните јавно-здравствени установи за да не се случуваат вакви инциденти. Мора да ја вратиме довербата меѓу пациентите и здравствените работници.Преземаме мерки за да го вратиме и достоинството на здравствените работници. Преку вработувања, зголемени плати, дежурства, едукации итн, тие да бидат да бидат мотивирани и задоволни во својата работа. Вршиме хумана дејност, довербата меѓу пациентите и здравствените работници е најважна – рече Филипче.

Фото: Слободен печат
Фото: Слободен печат
Фото: Слободен печат

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот