Лекари од Детска Клиника: Се тестираме на приватно за Ковид 19 од страв

Голем број лекари на Детската клиника во Скопје, од страв од коронавирусот се тестираат и по неколкукратно на приватни клиники, затоа што стравуваат за своето и за здравјето на своите семејства.

Нашите извори од клиниката, кои се долгогодишни педијатриски специјалисти и инсистираат на анонимност, велат дека оваа пракса започнала зашто на самата клиника никој не ги тестирал, иако молеле за тоа а тие секојдневно се во контакт и со пациенти и со колеги и едноставно, стравот да не се заразат е голем, особено за оние кои имаат дома во семејствата хронични болни и возрасни родители.

-Сите бараме да се тестираме, особено ризичните, но не сме тестирани и затоа мораме да го бараме решението на приватни клиники. Така јас веќе вторпат се тестирав, резултатот ми е негативен, исто и мои колеги по неколку пати се тестирани на приватни клиники, самоиницијативно. Сами си одиме и си плаќаме 1.500 денари по тест. Мораме да се заштитиме кога веќе никој не дошол да не тестира. Каде е емпатијата кон вработените, се прашувам. Сме побарале илјада пати, вели нашиот извор од Детска Клиника.

На оваа клиника од петокот дијагностицирана позитивна е лекарка и професор специјалист имунолог, претходно беше утврден коронавирус кај еден лаборант, а позитивна е и една медицинска сестра.

Нашиот извор додава дека во изолација се лекари од гастро и имунологија поради контакти со лекарите што се носители на вирусот, како и едно лице што било менаџер во ИТ секторот. Во лабораторија работат само четворица, а лабораторијата работи до 19 часот после сите ги праќаат на клиничка биохемија, додава нашиот соговорник од Клиниката.

Најверојатно вирусот на оваа клиника стигнал преку мајка што била на клиниката со своето дете. Нашиот извор ни го испрати и негативниот резултат од тестот извршен на приватната клиника Жан Митрев, кој морал да го плати од свој џеб.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот