Лекари и експерти ширум светот: Се повеќе докази дека ковид-19 може да предизвика дијабетес

Фото: hopkinsdiabetesinfo.org

Група доктори од целиот свет смета дека постојат се повеќе докази оти ковид-19 може да предизвика целосно нов облик на дијабетес кај некои пациенти. Доктор Франческо Рубино од „Кингс колеџ“ во Лондон заедно со своите колеги забележа пораст на дијабет тип 1 и тип 2 кај лица кои се инфицирале со коронавирус. Затоа и креираа регистар во кој нивните колеги ширум светот може да пријават такви случаи.

Експертите кои го анализираа регистарот во кој се наведени 3.500 извештаи за можна појава на дијабетес што е предизвикан од зараза со ковид-19, истакнаа дека е тешко да се негираат бројките.

Јас не се сомневам дека ковид-19 предизвикува нов тип на дијабетес

– Последните месеци видовме повеќе случаи на пациенти кои или развија дијабетес додека имаа симптоми на коронавирусот или кратко потоа. Сега веруваме дека постои врска и коронавирусот може да предизвика нарушувања во метаболизмот на шеќерот, вели Рубино.

– Сметаме дека овие случаи треба да се истражат, бидејќи таа поврзаност би можела да претставува голем проблем, поготово со размерите на пандемијата, додаде тој.

Паул Цимет, специјалист за дијабетес на Универзитетот во австриски Монаш, вели дека „што се однесува до него, тој не се сомнева дека ковид-19 предизвикува нов тип на дијабетес“.

Научниците претпоставуваат дека коронавирусот може да го наруши метаболизмот на шеќерот, бидејќи влегува во интеракција со рецепторот АЦЕ-2 за да се инфилтрира во станици на низа органи, вклучувајќи го и панкреасот. Друго можно објаснување е дека силната реакција на нашиот имунолошки состав ги оштетува органите кои се клучни за одржување на нормално ниво на глукоза, пишува „Гардијан“.

– Сето ова се теории, но теории кои не се филозофски, туку се втемелени во биологија и искуство со други вируси, вели Рубино.

И други вирусни заболувања, особено ентеровирусни инфекции, поврзани со развој на дијабет тип 1, каде организмот сам ги напаѓа станиците на панкреасот со што спречува производство на инсулин.

Студија: 14,4 отсто пациенти добиле дијабетес

Доктор Сатиш Тирунавукараси од канадскиот универзитет Мекмастер прегледа осум студии од различни земји што биле спроведени во првите пет месеци од пандемијата. Притоа пронајде 492 случаја на новодијагностицираниот дијабетес меѓу 3.711 хоспитализирани пациенти со ковид-19.

Во тие бројки спаѓаат и оние пациенти кај кои за првпат во животот е дијагностициран дијабетес, како и оние кои веќе ја имале болеста, но не биле свесни за тоа. Кај дијабетес тип 2, симптомите се јавуваат постепено и можно е да се забележат во раните фази на болеста.

Резултати од други истражувања

Ова не е единствена студија што го поврзува ковид-19 со дијабетесот. Кинески научници кои ја следеле состојбата на 2.469 пациенти со коронавирус, шест месеци по нивното излегување од болница, забележале 58 случаи на новонастанатиот дијабетес.

Едно друго истражување, кое сè уште не минало независна рецензија на стручњаци, следеше 47.780 пациенти со ковид-19 по пет месеци од нивно испишување од болница во Англија и откри дека кај 4,9 отсто од нив е дијагностициран дијабетес.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот