Лекари без граници: Потонал брод со повеќе од 100 мигранти кај Либија

Лекари без граници соопштија денеска дека стравуваат дека брод со повеќе од 100 мигранти потонал во близина на брегот на Либија.

„Имаме многу причини да стравуваме дека се случило најлошото и дека се изгубени повеќе од сто животи”, соопштија од организацијата на Твитер.

Либиската крајбрежна стража се уште не соопшти за инцидентот.

Брод со 250 луѓе, претежно од Еритреја, потона минатиот месец источно од Триполи – 134 од нив се спасени, додека 115 се сметаа за исчезнати.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот