Лекари без граници: ЕУ го попречува еднаквиот пристап до вакцинација

epa09023629 A health worker prepares to administer a shot of the Russian COVID-19 vaccine Sputnik V at Zala County Szent Rafael Hospital in Zalaegerszeg, Hungary, 19 February 2021. EPA-EFE/Gyorgy Varga HUNGARY OUT

Дејствата на ЕУ за зачувување милијарди дози вакцини против коронавирус за нејзината популација го попречуваат еднаквиот пристап до вакцинацијата ширум светот, смета хуманитарната организација Лекари без граници (МСФ).

„ЕУ резервираше милијарди дози вакцина за себе, блокирајќи го глобалниот правичен пристап. На почетокот на пандемијата, лидерите на Европската унија поставија смели цели што дадоа надеж за глобален одговор во борбата против Ковид-19″, се наведува во соопштението на организацијата.

Како што пренесуваат странските агенции, станува збор за фактот дека вакцините против коронавирус треба да се сметаат за „универзално општо добро”.

„За жал, постапките на ЕУ се спротивставуваат на овие амбициозни задачи и понекогаш им отежнуваат на другите земји да ја преземат контролата над пандемијата”, се вели во соопштението на МСФ.

„Лекари без граници” очекуваат „итна акција за унапредување на глобалниот пристап до вакцините” на претстојниот состанок на лидерите на ЕУ на 25 и 26 февруари.

– Стратегијата на ЕУ за производство на вакцини во Европа во моментов не може да ги задоволи потребите на ЕУ, она што останува да се бара низ целиот свет, рече претседателот на МСФ, Кристос Кристу.

Тој рече дека „Европската унија има политичка одговорност да обезбеди и да дозволи на секоја земја слободно да ги произведува основните средства, особено вакцините, за контрола на оваа невидена пандемија”

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот