„Лекари без граници“ истоварија 367 мигранти на брегот на Сицилија

„Лекари без граници“
Фото: Твитер, MSF International

По неколкудневно чекање, меѓународната хуманитарна организација „Лекари без граници“ (МСФ) истовари 367 мигранти на брегот на Сицилија.

Бродот за спасување на море „Гео Баренц“ се закотви во пристаништето во Палермо доцна во средата.

Мигрантите на бродот, меѓу кои, според хуманитарците, има 172 деца, биле тестирани за коронавирус, а потоа биле распоредени во кампови и во карантин.

Градоначалникот на Палермо, Леолука Орландо го пречека бродот во пристаништето, објави новинската агенција АНСА.

Бродот чекаше одобрение за да тргне кон пристаништето од минатиот викенд.

– Нема зборови за да се изрази радоста и олеснувањето на бродот, напишаа „Лекари без граници“ на Твитер.

Многу мигранти се упатуваат кон северниот брег на Африка и се качуваат на бродови за да стигнат до Европската унија.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот