
Лекар тврди: Една навика може да ви го продолжи животот за пет години
Угледниот и познат лекар, д-р Мајкл Кејн, неодамна откри дека, заедно со правилната исхрана, вежбањето и социјалните врски, една многу важна навика исто така игра клучна улога во долговечноста.
Препорачано
– Не можам доволно да нагласам колку е важно да се спиете доволно. Квалитетниот сон му овозможува на телото да се регенерира и да се опорави – рекол д-р Кејн за „ЏиБи њуз“.
Тој препорачува седум до осум часа спиење секоја ноќ, постојан распоред за спиење и рутина пред одење на спиење. Тој додава дека активностите како читање или медитација можат да го подобрат и квалитетот и времетраењето на сонот.
Научните истражувања го потврдуваат ова тврдење – една студија анализирала податоци од 172.321 возрасена личност и открила дека мажите кои спијат доволно живеат во просек 4,7 години подолго, додека жените живеат 2,4 години подолго.
Покрај квалитетниот сон, лекарот препорачува исхрана богата со целосна, растителна храна и намалување на внесот на преработена храна.
Покрај спиењето, д-р Кејн предупредува и за опасностите од осаменоста и изолацијата.
– Долговечноста исто така зависи и од градењето и одржувањето силни социјални врски – нагласува докторот.
Цврстите социјални врски го намалуваат ризикот од разни здравствени проблеми, што значи дека одржувањето контакт со семејството, пријателите и учеството во заедницата е од клучно значење за здравјето.
Со цел да се подобри социјалниот живот, д-р Кејн советува волонтирање или приклучување на групи кои одговараат на личните интереси.
– Тие обезбедуваат чувство на цел и припадност – истакнува тој.
Исто така, докторот препорачува исхрана богата со целосна, растителна храна и намалување на внесот на преработена храна.
Иако не постои магична формула за долговечност, експертите истакнуваат дека спиењето, исхраната и социјалните врски се клучни за подолг и поквалитетен живот.