Лекар кој се борел против вариола вера: Вакцинацијата мора да се одвива побрзо за да не се појават нови соеви

Назим Нокиќ

Вакцинацијата против корона мора да се одвива многу побрзо за да не се појават нови соеви, порачува осумдесет и петгодишниот лекар, Назим Нокиќ кој во 1972 година за времe на епидемијата на големи сипаници во Југославија бил лекар во Нови Пазар.

-Вакцината воопшто не беше доброволна, туку морална. Постоеше организација која функционираше беспрекорно. Полицијата им помагаше на здравствените работници. Ние бевме како војска, се потсеќа Нокиќ во разговор за Нова.рс на борбата против вариола вера. Во Нови Пазар пак првата доза против Ковид-19 ја примиле околу 8.700 граѓани, од вкупно 100.000 жители.

Сега тој ги потсетува своите колеги, лекари дека тие не смеат да служат како алиби за граѓаните да не сакаат да се вакцинираат.

-Не сум задоволен од активното учество и примерот на здравствените работници. Некои ставови на лекарите им дозволуваат на луѓето отстапки, ако лекарот не се вакцинирал, што има да се зборува. Лекарот знае и ако каже не треба, знае зошто не треба-тоа е логиката на луѓето, вели Нокиќ за одговорноста која ја имаат неговите колеги.

И сега се вакцинирал против Ковид-19 со кинеската вакцина бидејќи таа била на располагање на пунктот каде бил.

-Да можев да бирам јас сепак би примил од некоја од западните вакцини. Верувам во науката и мислам дека нема теорија некој да пушти да се вакцинира прво неговиот народ, па потоа сите со ред, а тоа да може да наштети. Сепак да биде без никакви реакции, тоа не е разумно да очекуваме. Науката го ограничила тоа, колку што можело да се ограничи, вели Нокиќ.

И покрај големиот број на вакцини кои ги набави Србија досега се дадени 2,3 дози вакцини, односно вакцинирано е нешто повеќе од 16 отсто од населението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот