Лекар кој не ги почитувал здравствените прописи од Владата ќе треба да плати 4.500 илјади евра казна

обвинителство ојо

Основното јавно обвинителство Кавадарци му предложи на Основниот суд во Кавадарци на обвинетиот да му изрече парична казна во износ од 100 дневни глоби, при што висината на една дневна глоба да биде одредена во износ од по 45 евра во денарска противвредност

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе Предлог за издавање казнен налог за едно лице, за продолжено кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 во врска со член 45 од Кривичниот законик.

Обвинетиот, лекар во ЈЗУ Општа болница со проширена дејност – Кавадарци, постапувал спротивно на Одлуката донесена на Дванаесеттата седница на Владата на Република Северна Македонија од 28.02.2020 година, според која сите вработени во државните и локалните институции и претпријатија, доколку во последните две недели патувале или живеат со некој што патувал во ризична земја за ширење на коронавирусот COVID 19, треба да не доаѓаат на работа и за тоа да ја известат институцијата во која работат.

Имено, и покрај упатствата дадени директно од страна на специјалист-епидемиолог да останат целото семејство во домашна изолација од 14 дена поради патувањето на нивната ќерка која на 6 март се вратила од Италија, обвинетиот во периодот од 10 март до 20 март продолжил да оди на работа во болницата каде е вработен како доктор. На 10 март заедно со неговата ќерка правеле анализи на Одделот за микробиологија и биле во амбулантата за уво, нос и грло во Кавадарци.

Основното јавно обвинителство Кавадарци му предложи на Основниот суд во Кавадарци на обвинетиот да му изрече парична казна во износ од 100 дневни глоби, при што висината на една дневна глоба да биде одредена во износ од по 45 евра во денарска противвредност.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот