Лекаи им пресуди на Германците, полска лекција за Бразил!

Фото: EPA-EFE/Anne-Christine Poujoulat/POOL

Се одиграа вечерва и последните три натпревари од прелиминарната групна фаза на Светското првенство во Египет, во еден драматичен финиш селекцијата на Унгарија слави голема победа над Германија (29:28).

Во последниот напад победничкиот гол го постигна Лекаи, останаа уште неколку секунди за Германците, но резултатот остана непроменет.

По осум голови имаа Мате и Банхиди, а на спротивната страна седум беа дело на Шилер. Така, Унгарците со трите максимални победи во групата „А“ ќе стартува со четири бода во главната фаза. 

Со три бода во главната фаза, Хрватите подобри и од Катар!

Во групата „Б“ Полска убедливо со 33:23 го совлада Бразил, иако на полувремето имаше само „плус два“ (13:11). За Полјаците доминираа Морито и Сичко со по шест голови, а кај „кариоките“ четири запиша Лангаро.

И во последниот дуел од групата „Д“ Данска ја забележа и третата победа, беше подобра од Аргентина со 31:20. Прв стрелец беше М. Хансен со седум голови, по пет имаа Браминг и Гидсел, а за „гаучосите“ П. Мартинез стрелаше шестпати.

Во продолжение можете да ги видите сите четири новоформирани групи во главната фаза на СП во која се наоѓа и Македонија која својот прв меч ќе го има утре од 15.30 часот против Словенија.

Група „1“

1.Унгарија 4 бодови
2.Шпанија 3
3.Германија 2
4.Полска 2
5.Бразил 1
6.Уругвај 0

Група „2“

1.Данска 4 бодови
2.Хрватска 3
3.Катар 2
4.Аргентина 2
5.Јапонија 1
6.Бахреин 0

Група „3“

1.Португалија 4 бодови
2.Франција 4
3.Исланд 2
4.Норвешка 2
5.Швајцарија 0
6.Алжир 0

Група „4“

1.Шведска 4 бодови
2.Русија 3
3.Египет 2
4.Словенија 2
5.Белорусија 1
6.Македонија 0

Првопласираните две репрезентации од секоја група ќе продолжат во четвртфиналето на Мундијалот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот