Лејкерси силни против ослабената Филаделфија (ВИДЕО)

twitter/Los Angeles Lakers

Дербито на вечерта помина во знакот на Ентони Дејвис кој го искористи неиграњето на повредениот Џоел Ембид.

ЛА Лејкерс со 120:107 ја совладаа Филаделфија сиксерс, а натпреварот помина во одличната игра на Ентони Дејвис кој беше предводник на тимот кој ја оствари деветтата победа во последните 10 натпревари.

Дејвис натпреварот го заврши со 37 поени, од кои дури 18 ги постигна во втората четвртина која „езерцата“ ја добија со 37:18 и ги решија дилемите околу победникот.
Леброн Џејмс постигна 22 поени, а на спротивната страна Глен Робинсон беше најпрецизен со 25 постигнати поени.

И вториот тим од Лос Анџелес, Клиперси остварија победа и се искачија на второто место на табелата во Западната конференција.
Каваи Ленард со 25 поени го предводеше ЛА Клиперс со 109:94 ја победија Оклахома сити тандерс.


Денвер нагетс загуби од најлабиот тим во НБА лигата Голден Стејт вориорс со 116:100 и падна на третото место во Западната конференција.
Најновиот играч на „воините“, Ендрју Вигинс беше најзаслужен за победата со 22 поени и 10 асистенции. На Денвер не му помогна ниту Никола Јокиќ кој имаше учинок од 16 поени и 13 скокови.


Резултати:
Шарлот – Сан Антонио 103:104
Бостон – Бруклин 120:129
Њу Орлеанс – Минесота 134:129
Оклахома сити – ЛА Клиперс 94:109
Денвер – Голден Стејт 100:116
Феникс – Торонто 114:123
ЛА Лејкерс – Филаделфија 120:107
Сакраменто – Вашингтон 133:126

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот