Лејкерси подобри од Пеликанси, Џејмс во „клубот 33.000“! (ФОТО+ВИДЕО)

twitter.com/NYDNSports

Лејкерси повторно ги израдуваа своите навивачи, „езерџиите“ беа подобри од Пеликанси со 114:100. Во составот од Лос Анџелес доминираше Ентони Дејвис со 41 поен, следен од Леброн Џејмс со 29 поени.

На тој начин „кралот“ стана четвртиот играч во НБА кој постигна 33.000 поени. Пред него се само Карим Абдул-Џабар (38.387), Карл Мелоун (36.928) и Коби Брајант (33.643).

Славеше уште еден тим од Лос Анџелес, Клиперси го надиграа Мемфис (121:119), по 24 поени забележаа Вилијамс и Харел.

Портланд Трејл Блејзерс дојде и до втората победа по ред во НБА лигата, со 136:119 триумфираше над Оклахома Сити Тандер, најдобар поединец беше Демијан Лилард со 27 поени, а Кармело Ентони додаде 19.

Хјустон Рокетс запиша нов триумф и тоа против Мајами Хит најмногу благодарение на Џејмс Харден кој постигна 34 поени и Расел Вестбрук (27).

НБА, резултати –

Бостон Селтикс-Бруклин Нетс 121:110
Шарлот Хорнетс-Детроит Пистонс 102:101
Кливленд Кавалирс-Орландо Меџик 104:116
Индијана Пејсерс-Јута Џез 121:102
Филаделфија Сиксерс-Сакраменто Кингс 97:91
Торонто Репторс-Њујорк Никс 126:98
Хјустон Рокетс-Мајами Хит 117:108
Мемфис Гризлис-Лос Анџелес Клиперс 119:121
Милвоки Бакс-Атланта Хокс 111:102
Сан Антонио Спарс-Минесота Тимбервулвс 101:113
Феникс Санс-Вашингтон Визардс 132:140
Њу Орлеанс Пеликанс-Лос Анџелес Лејкерс 110:114
Портланд Трејл Блејзерс-Оклахома Сити Тандер 136:119
Голден Стејт Вориорс-Чикаго Булс 104:90

Западна конференција –
1.Лос Анџелес Лејкерс 16-2
2.Денвер Нагетс 13-3
3.Лос Анџелес Клиперс 14-5

Источна конференција –
1.Милвоки Бакс 15-3
2.Торонто Репторс 13-4
3.Бостон Селтикс 13-4

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот