Лејкерси по пауза од седум години ќе играат во плејофот (ВИДЕО)

Кошаркарите на ЛА Лејкерс во дербито на вечерта го совладаа Милвоки бакс со 113:103.

Дуелот на двете најдобри екипи во НБА лигата му припадна на тимот од Западната конференција кој сега има скор од 48 победи и 13 порази, а победата над Милвоки им обезбеди и пласман во плејофот.

 

Ова ќе биде прв пат по седум години ЛА Лејкерс да игра во разигрувањето за титулата. Последен пат „езерцата“ учествуваа во плејофот во сезоната 2012/13 кога екипата ја предводеше Коби Брајант.

Интересно е што во сегашниот тим на Лејкерси има само еден играч кој настапи во плејофот и пред седум години, центарот Двајт Хауард.


Одлучувачки момент за победата беше серијата од 18:0 на Лејкерси во третата четвртинас. Леброн Џејмс постигна 37 поени, осум скока и седум асистенции, Ентони Дејвис даде 30 поени. На спротивната страна Јанис Адетокумпо даде 32 поени.

Далас маверикс и покрај лошата шутерска вечер на Лука Дончиќ дојде до бројката од 21 постигнат поен, додека Кристапс Порзингис уфрли 26 поени за триумф од 121:96 над Мемфис.

Никола Вучевиќ со 29 поени и 12 скокови го предводеше Орландо меџикс во победата од 132:1189 над Вашиннгтон о остана на осмата позиција во Источната конференција.

Резултати НБА:

Вашингтон – Атланта 118:112
Бруклин – Сан Антонио 139:120
Њујорк – Оклахома 103:126
Бостон – Јута 94:99
Чикаго – Индијана 102:108
Минесота – Орландо 118:132
Њу Орлеанс – Мајами 110:104
Далас – Мемфис 121:96
Феникс – Портланд 127:117
ЛА Лејкерс – Милвоки 113:103

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот