Лејкерси на само една победа од шампионската титула (ВИДЕО)

epaselect epa08725600 Los Angeles Lakers forward LeBron James (L) shoots and scores after being fould by Miami Heat forard Jae Crowder (R) in the fourth quarter of their NBA Finals basketball game four at the ESPN Wide World of Sports Complex in Kissimmee, Florida, USA, 06 October 2020. EPA-EFE/ERIK S. LESSER SHUTTERSTOCK OUT

ЛА Лејкерс славеа во четвртиот натпревар од големото финале во НБА лигата против Мајами со 102:96 и поведоа со 3:1 во победи.

Лејкерси со победата се наоѓаат на само една победа од 17. шампионска титула со што би се израмниле со Бостон селтикс како најтрофејни екипи во историјата на НБА лигата.

Овој натпревар беше најнеизвесниот во финалната серија и дури во финишот една од екипите успеа да направи предност поголема од пет поени.

Одлучувачки момент за победникот беше третата четвртина кога двете ѕвезди на ЛА Лејкерс, Леброн Џејмс и Ентони Дејвид почнаа да доминираат на теренот, екипата далеку полесно постигнуваше поени додека во одбраната му ја отежнаа работата на Мајами.

Во последната четвртина, одговорноста ја презеде Џејмс и го однесе својот тим на чекор до шамионската титула.

Џејмс натпреварот го заврши со 28 поени, 12 скокови и осум асистенции, Ентони Дејвис имаше скор од 22 поени и девет скокови, а Кендејвиус Коулдвел-Поуп средбата ја заврши со 15 поени. Во редовите на Мајами најзабележителен беше Џими Батлер со 22 поени, 10 скокови и девет асистенции.
Наредниот петти натпревар ќе се одигра во ноќта помеѓу петок и сабота.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот