Лејкерси имаат пеколен план, идното лето доаѓа Јанис

epa07378115 Team LeBron player LeBron James (L) poses with Team Giannis player Giannis Antetokounmpo of Greece (R) after the NBA All Star basketball game on All Star Weekend at the Spectrum Center in Charlotte, North Carolina, USA, 17 February 2019. EPA-EFE/JOHN G MABANGLO SHUTTERSTOCK OUT

Актуелниот шампион уште сега започна да се подготвува за идното лето кога ќе тргне по двократниот МВП на НБА лигата, Јанис Адетокумпо и да создаде најдобро трио во историјата.

Новинарот на ЕСПН, Брајан Виндхорс, лансира вистинска бомба во НБА лигата, објавувајќи дека актуелниот шампион Лос Анџелес Лејкерс има пеколен план идното лето да потпише со Јанис Адетокумпо.

За да се случи овој спектакуларен потпис со кој екипата би го имала најдоброто трио во историјата на НБА лигата, потребно е актуелните две ѕвезди Леброн Џејмс и Ентони Дејвис да потпишат помали договори.

Ентони Дејвис по завршување на сезоната одлучи да ја искористи опцијата и да излезе од актуелниот договор за да се стане слободен играч. Тој на ваков чекор се одлучи за да добие нова понуда од Лејкерс и да ги разгледа плановите за иднинатата, но засега нема никакви дилеми дека Дејвис и во наредната сезона ќе го носи дресот на „езерцата“.

Според новинарот на ЕСПН, Виндхорст, кошаркарот на Лејкерс ќе почека да види дали Јанис Адетокумпо ќе потпише супер максимален договор со Милвоки кој му нуди 250 милиони долари за пет сезони. Доколку не потпише со Милвоки пред почетокот на сезоната, Јанис идното лето ќе стане слободен играч.

Во тој случај Дејвис би потпишал едногодишен договор со можност да се продолжи на уште една година. Леброн Џејмс идната година би излегол од максималниот договор бидејќи има таква опција и ќе потпише нов за помала плата за да може да му се понуди „богат“ договор на Јанис Адетокумпо со што ЛА Лејкерс без сомнение би го имал најдоброто трио во историјата на НБА лигата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот