Лејкерси го враќаат „Супермен“ како замена за малерозниот Казнс

Демаркус Казнс ја заврши сезоната иако таа уште не е започната поради повредата на вкрстените лигаменти на коленото, па управата на ЛА Лејкерс работи на ангажирање негова замена.

На мета на „езерцата“ се наоѓа искусниот Двајт Хауард кој моментно е кошаркар на Мемфис гризлис но наскоро се очекува неговиот договор ќе биде откупен и тој ќе биде слободен во потрагата по нов клуб.

Новинарот Шемс Чаранија пренесува дека Лејкерси не се брзаат со ангажирање на замена за Казнс и дека освен популарниот Супермен, на радарот се наоѓа уште еден ветеран, Јоаким Ноа.

Двајт Хауард осум пати настапуваше на ол стар натпреварите, а пет пати беше член на најдобрата петорка во НБА лигата и три пати беше биран за најдобар дефанзивец во лигата.

Тој веќе настапуваше за ЛА Лејкерс во сезоната 2012/13 но немаше забележителни резултати. Хауард потоа играше и за Хјустон, Атланта, Шарлот и Вашингтон, а пред еден месец беше разменет во Мемфис.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот