Лејкерси „газат“ во НБА, сигурни и против Голден Стејт! (ВИДЕО)

фото:твитер

Лос Анџелес Лејкерс го совлада Голден Стејт со 120:94, доцна синоќа во НБА лигата триумфираа и шампионите Торонто Репторс кои беа подобри од Портланд Трејл Блејзерс со 114:106.

„Езерџиите“ славеа убедливо благодарение на одличната игра во првата и последната четвртина. Ослабените Вориорси беа рамноправен ривал во втората и третата четвртина, па го претрпеа и 10. пораз оваа сезона.

Лејкерси во шутот беа попрецизни од дистанца и под кошот, подобри во одбраната, што им ја донесе и деветтата победа во 11 одигран меч.

Леброн Џејмс оствари „трипл-дабл“ со 23 поени, шест скокови и 12 асистенции, поен помалку запиша Кајл Кузма кој имаше и пет скокови. Меѓу „воините“ се истакна Дианџело Расел со 21 поен и осум асистенции.

Актуелниот шампион Торонто беше подобар од Портланд (114:106) кој го претрпе осмиот пораз. Паскал Сиакам имаше уште една одлична партија со 36 поени, шест скокови, а Фред Ван Вллит уфрли 30 поени. Во дресот на Портланд Родни Худ запиша 25 поени.

НБА, резултати

Шарлот Хорнетс-Мемфис Гризлис 117:119
Орландо Меџик-Филаделфија Сиксерс 112:97
Бостон Селтикс-Вашингтон Визардс 140:133
Хјустон Рокетс-Лос Анџелес Клиперс 102:93
Минесота Тимбервулвс-Сан Антонио Спарс 129:114
Лос Анџелес Лејкерс-Голден Стејт Вориорс 120:94
Портланд Трејл Блејзерс-Торонто Репторс 106:114

Табела:

Западна конференција –
1.Лос Анџелес Лејкерс 9-2
2.Јута Џез 8-3
3.Хјустон Рокетс 8-3

Источна конференција –
1.Бостон Селтикс 9-1
2.Торонто Репторс 7-3
3.Милвоки Бакс 7-3

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот