Лејкерс за еден ден потпишаа цела петорка

Лос Анџелес лејкерс не успеа во намера да го ангажира Каваи Ленард и да создаде супер трио со Леброн Џејмс и Ентони Дејвис, но затоа ангажира нови кошаркари со кои тимот станува еден од главните конкуренти за титулата.
„Езерцата“ во текот на денешниот ден потпишаа договори со дури шест кошаркари со што Џејмс и Дејвис добија екстра квалитетни засилувања.

Прв потпиша за ЛА Лејкерс беше Дени Грин кој доби 30 милиони долари за две сезони, а по него следуваше потписок со довчерашниот кошаркар на Голден Стејт вориорс, Квин Кук. И тој потпиша договор на две години но ќе добие вкупно шест милиони долари.

Управата на Лејкерс одлучи да им понуди нови договори на Кентавиус Колдвел Поуп, Џавал Мекги и Ражон Рондо, кои и во наредната сезона ќе играат во тимот од Лос Анџелес.

Последното засилување е најзвучно, ол стар центарот Демаркус Казнс кој се согласи на едногодишна соработка со „езерцата“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот