Лејкерс се на пат да направат вистински дрим-тим - Слободен печат
КошаркаСпорт

Лејкерс се на пат да направат вистински дрим-тим

ЛА лејкерс закажа состанок со менаџерот на Каваи Ленард, а претходно успеа да размени уште тројца кошаркари со што има 32 милиони долари на распологање во селари капот.

Лос Анџелес лејкерс не мисли да застане со ангажманот на Ентони Дејвис и веќе се подготвува да го врбува најдобриот кошаркар во финалната серија, Каваи Ленард. ЛА Лејкерс веќе закажаа средба со Ленард и со неговиот менаџер, а таа ќе се одржи по 1 јули, кога започнува преодниот рок.

Претходно, Ленард одби да ја активира клаузулата од договорот со шампионот Торонто репторс за уште една сезона со која ќе добиеше 21.3 милиони долари.

За да направат простор во селари капот за плати, ЛА лејкерс ги пратија во Вашингтон визардс, Мо Вагнер, Исак Бонга и Џереми Џонс, а притоа Дејвис се откажа од бонусот од четири милиони долари, за „езерцата“ да можат да му понудат на Ленард петгодишен договор тежок 190 милиони долари.

Според медиумите во САД, Каваи Ленард кој ќе биде најбаран кошаркар на трансфер пазарот, ќе ги разгледува понудите на само пет екипи, ЛА Лејкерс, ЛА Клиперс, Њујорк никс, Бруклин нетс и Торонто.

Доколку не успеат да дојдат до услугите на Ленард, раководството на ЛА Лејкерс ќе се обиде да го ангажира кошаркарот на Голден стејт вориорс, Клеј Томпсон на кого планираат да му понудат идентичен договор, 190 милиони долари за пет години.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Слични артикли

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close