Лејкерс не запираат со победите, Голден Стејт реди порази (ВИДЕО)

twitter/Los Angeles Lakers

Лос Анџелес Лејкерс дојде до 11. победа сезонава откако со 122:101 ја совлада Атланта хоукс и остана лидер на табелата во Западната конференција со 11 победи и само два порази.


Предводник на „езерцата“ беше на Леброн Џејмс со 33 поени и 12 асистенции, а неговата игра беше поздравена и од легендата на Лејкерс, Коби Брајант.

Голден Стејт вориорс продолжува да реди порази, веќе е во губитничка серија од седум натревари, а последн тим кој им го зема скалпот е Њу Орлеанс со 108:100.

Џеј Џеј Редик им уфрли на „воините“ шест тројки за вкупно 26 поени, додека кај поранешниот шампион во отсуство на повредените ѕвезди Стеф Кари, Клеј Томпсон и Деанџело Расел, најпрецизен беше Ерик Паскал со 30 постигнати поени.

Резултати:
Мемфис – Денвер 114:131
Орландо – Вашингтон 125:121
Њу Орлеанс – Голден стејт 108:100
Лос Анџелес лејкерс – Атланта 122:101.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот