Лејкерс и Бостон први до 10 победи во НБА (ВИДЕО)

twitter/Los Angeles Lakers

ЛА Лејкерс игра одлично на стартот од сезоната и минатата вечер во најинтересниот натпревар со 99:97 го победи Сакраменто. „Кралевите“ беа на прагот од триумфот, беа подобар тим во првото полувреме но средбата ја загубија во самиот финиш.

На пет секунди до крајот Леброн Џејмс ги постигна победничките поени за Лејкерс, а потоа Ентони Дејвис го блокираше обидот на Барнс во последната секунда.

Покрај Џејмс кој беше најефикасен со 29 поени и 11 асистенции, Ентони Дејвис даде 17 поени, а Калдвел-Поуп еден поен помалку. Во редовите на Сакраменто најдобри беа Бади Хилд со 21 и Богдан Богдановиќ со 17 поени.

Најдобрата екипа во Источната конференција, Бостон исто така по голема победа со 105:100 го совлада десеткуваниот од повреди Голден Стејт. Кај победничкиот тим Џејлед Браун со 22 поени беше најпрецизен, додека на спротивната страна Алекс Буркс уфрли 20 поени.

Резултати:
Шарлот – Детроит 109:106
Орландо – Сан Антонио 111:109
Хјустон – Индијана 111:102
Мемфис – Јута 107:106
Минесота – Вашингтон 116:137
Оклахома сити – Филаделфија 127:119
Голден Стејт – Бостон 100:105
ЛА Лејкерс – Сакраменто 99:97

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот