Лејкерс без милост за противниците, Јокиќ потсети зашто е најдобар центар (ВИДЕО)

твитер

Лос Анџелес Лејкерс продолжува да ги тероризира екипите во НБА и против Атланта хоукс ја забележаа 24. победа сезонава, седма последователна. Очекувано главните заслуги за триумфот од 101:96 одат на сметка на двоецот Леброн Џејмс и Ентони Дејвис. Џејмс постигна 32 поени и 13 скока, додека Дејвис имаше учинок 27 поени и 13 скока.


Денвер го совлада Њујорк никс со 111:105 иако победата можеше да биде поубедлива бидејќи во втората четвртина имаше предност од 20 поени. Ова беше трета победа за Денвер по ред, а прво име во победата беше Никола Јокиќ 25 поени и 10 скока со што покажа зашто минатата сезона беше дел од првата петорка во НБА лигата.


Голден стејт вориорс во отсуство на поврените ѕвезди, Стеф Кари и Клеј Томпсон, продолжува со мизерните игри сезонава. „Воините“ загубија со 79:100 од Сакраменто кингс во чии редови блесаше Богдан Богдановиќ со 25 постигнати поени.

Резултати: Атланта – ЛА Лејкерс 96:101, Бруклин – Филаделфија 109:89, Денвер – Њујорк 111:105, Голден Стејт – Сакраменто 79:100.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот