Лејди Гага: Влакната на нозете се дел од мојот стил

EPA
Фото EPA-EFE/MIKE NELSON

Лејди Гага е една од годинашните домаќини на модниот настан Мет гала. Таа со приватен авион долета во Њујорк, а додека патуваше, сподели фотографии на Инстаграм.

Таа беше облечена во фустан со апликации од лимони, а на појасот врзала карирана кошула во зелени нијанси. Но, таа направила и неочекуван потег кој воодушеви дел од фановите, а дел ги згрози.

Пејачката истакна дека веќе не ги бричи и депилира нозете, туку остава влакната да го надополнуваат нејзиниот изглед.

Лејди Гага не е прва од славните личности кои го промовираат овој изглед.

Заедно со нејзе, домаќини на Мет галата ќе бидат и Ана Винтур, Серена Вилијамс и дизајнерот Алесандро Мишел.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот