Лејди Гага со нова песна за „Топ Ган“: Ова е љубовно писмо до светот

лејди гага
Лејди Гага / Фото: Принтскрин/Инстаграм

По години на музичката сцена, Лејди Гага почна да работи и на продукција на синглови за блокбастери. Дека добро се снаоѓа во тоа докажа и Оскарот што го доби за песната „Shallow“ во филмот „A Star is Born“.

Овој пат познатата музичарка најавува нова соработка во продолжението на мегапопуларниот филм „Топ ган“.

„Кога ја напишав оваа песна за „Топ Ган“, не ги ни сфатив врските што се провлекуваат низ срцето на филмот, мојата сопствена психа и светот во кој живееме. Со години работев на неа, ја усовршував и се обидував да ја направам песна за сите. Сакав да создадам песна чиј текст ќе покаже длабока потреба да се разбереме едни со други, другите да не разберат, копнежот да бидеме блиски кога сме осамени и со неа едноставно да ги славиме светските херои“, изјави музичарката Лејди Гага на својот инстаграм-профил, најавувајќи ја нејзината нова песна „Hold my hand“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lady Gaga (@ladygaga)

Песната за продолжението на „Топ Ган“ ќе биде објавена на 3 мај, додека премиерата на филмот е предвидена за 27 мај.

Пејачката се заблагодари за можноста да работи во овој голем филмски хит по кој го паметиме Том Круз, а нејзината нова песна ја нарече „љубовно писмо до светот“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот