Леjди Гага со камион го дистрибуираше новиот албум „Хроматика“ (ФОТО)

Instagram

Американската пејачка и актерка Леjди Гага (34) не престанува да ги изненадува своите обожаватели. Таа наместо да чека некој друг да ѝ го дистрибуира новиот албум, најми камион и „ги зема работите во свои раце“. Гага сама почна да ги доставува копиите од новиот албум во музичките продавници во Лос Анџелес.

Instagram

Станува збор за новиот албум насловен „Хроматика“, а дел од песните што се најдоа на него, кои претходно беа објавени како негова најава, досега урнаа неколку рекорди на интернет.

Instagram

Уникатна реклама

Леjди Гага од својата „работа“ со камион објави голем број фотографии на интернет. На нив се гледа како таа го вози возилото, кое всушност е реклама за новиот албум и на кое има залепено голем број постери, кои се реплика на обвивката на албумот.

Instagram

Таа дистрибуирањето на албумот го направила носејќи уникатна заштитна маска за лице, на која го пишува името на албумот.

– Лично му ја доставувам „Хроматика“ на секој трговец. Во светот на хроматика не постои никаква дистанца – напиша славната пејачка во описот за фотографиите.

Instagram

Вирусот ја одложи најавуваната промоција

Нејзината нова песна „Rain On Me“, која ја сними со својата колешка Аријана Гранде, за само пет дена имаше околу 56 милиони прегледи на Јутјуб, што претставува огромен успех за овие две ултрапопуларни пејачки.

Instagram

Во новиот долгонајавуван албум „Хроматика“ има 16 песни.

Албумот беше најавен на 10 април, но неговата промоција беше одложена поради состојбата со коронавирусот.

Тогаш пејачката на своите обожаватели им упати порака да бидат силни и да се стрпат уште неколку недели, по кои ќе можат да уживаат во новите песни.

– Иако верувам дека уметноста е една од најсилните работи што обезбедува радост и заздравување во едно вакво време, јас едноставно не уживам да го објавам овој албум со сè што се случува во оваа глобална пандемија – истакна тогаш таа.

Откако албумот беше одложен, пејачката го организираше онлајн добротворното шоу „Еден свет: Заедно дома“ за да помогне во напорите против ковид-19 во целиот свет.

Instagram

Номинации за „Греми“

Последниот студиски албум на Леди Гага беше „Џоан“ од 2016 година. Во 2018 година го издаде саундтракот за филмот „Ѕвездата е родена“, со кој ја доби својата четврта награда „Греми“, како и „Оскар“ за хит-песната „Shallow“.

Новиот албум „Хроматика“ ќе се квалификува за номинациите за „Греми“ идната година. Песните и албумите објавени помеѓу 1 септември 2019 година и 31 август 2020 година ги исполнуваат условите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот