Лејди Гага, Пол Макартни и Били Ајлиш подготвуваат голем концерт од своите домови: „Еден свет: Заедно дома“

Profimedia

Пејачката Лејди Гага со организацијата „Глобал ситизен“ досега собра 35 милиони долари за борба против коронавирусот, а ќе организира и специјално ТВ-шоу, во кое, меѓу другите, ќе учествуваат и Пол Макартни, Стиви Вондер и Били Ајлиш.

Лејди Гага потенцираше дека парите се собрани за седум дена и дека ќе бидат испратени до Светската здравствена организација (СЗО), пренесува АП.

За да се соберат дополнителни средства што ќе бидат наменети за фондациите и здравствените работници што се борат со коронавирусот, ќе биде организиран концертот насловен „Еден свет: Заедно дома“, кој всушност ќе биде виртуелна телевизиска манифестација, со која ќе им се оддаде признание на здравствените работници.

Емисијата ќе се емитува истовремено на Еј-би-си, Ен-би-си, Си-би-ес и Хартмедија и Белмедија на 18 април, во 20 часот. Повеќечасовната програма исто така ќе ја пренесуваат и стриминг-платформите Јутјуб, Епл, Фејсбук, Инстаграм, Твитер.

Домаќини на ТВ-специјалот ќе бидат американските ТВ-презентери Стивен Колбер, Џими Фалон и Џими Кимел.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот