Лејди Гага подготвува нов албум: Овој пат ќе уживате во џез изведби на пејачката во дует со Тони Бенет

Instagram
Instagram

Бен Рајс, долгогодишен пријател и продуцент на поп-ѕвездата Лејди Гага, откри дека пејачката работи на својот нов студиски албум.

„Имам студио дома, работиме на нова музика од далечина, иако Гага во моментов е во Италија“, изјавил Рајс за американските медиуми.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lady Gaga (@ladygaga)


На почетокот на годината, пејачката потврди дека нејзиниот џез – дуетски албум со Тони Бенет ќе биде објавен во 2021 година.

Поп – ѕвездата моментално се наоѓа во Рим, каде го снима филмот „House of Gucci“ во режија на Ридли Скот, во главна улога заедно актерот Адам Драјвер.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lady Gaga (@ladygaga)

Фановите кои со нетрпение ја очекуваат Гага да ја видат во новата улога, а притоа почнуваат и полека да се навикнуват на нејзиниот нов елегантен изглед како вдовицата на модниот магнат Гучи.

Таа својот последен студиски албум „Хроматика“ го издаде во мај 2020 година.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот