Лејди Гага ќе плати 70 илјади фунти за соодветен третман на нејзиниот ранет чувар

Instagram-Twitter
Фото: Инстаграм/Твитер

Поп – ѕвездата Лејди Гага ќе плати повеќе од 70 илјади фунти наменети за медицинскиот третман на Рајан Фишер, нејзиниот чувар и шетач на кучиња, кој неодамна беше застрелан од двајца разбојници, за време на киднапирањето на нејзините домашни миленици.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lady Gaga (@ladygaga)

Додека пејачката била во Рим, Рајан ги шетал нејзините кучиња и се грижел за нив, а по нападот бил хоспитализиран. Иако некои американски медиуми првично изјавија дека тој починал, точно е дека тој бил во сериозна состојба по пукањето и се борел за живот. Се работи на негово целосно закрепнување, но тој сега е во стабилна состојба.

Instagram
Instagram

„Лејди Гага се чувствува ужасно за тоа што му се случи на Рајан и сака да биде сигурна дека се грижат за него. Таа апсолутно го обожава и му должи поради неговата храброст. Таа исто така сака да ја надополни затоа што моментално не е работно способен и му посака брзо закрепнување“, изјави извор за Мирор.

Цел на нападот биле кучињата на пејачката – Азија, Густав и Коџи. Азија успеала да избега и брзо била пронајдена од страна на полицијата и вратена во домот на пејачката, а другите две кучиња беа вратени од страна на жена која останува анонимна за јавноста два дена подоцна која добила половина милион долари која Гага јавно ги понуди за оној кој ќе ги најде.

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот