Лејди Гага ќе ја пее химната на инаугурацијата на Џо Бајден

Американската пејачка Лејди Гага (34), ќе ја пее химната на инаугурацијата на Џо Бајден (78) на 20 јануари, потврдија за странските медиуми членовите на инаугуративниот одбор.

Таа ќе ја изведе „The Star Spangled Banner“ кога Бајден ќе даде заклетва. Исто така, ќе настапи и Џенифер Лопез (51).

Деталите за другите уметници кои би можеле да се појават на инаугурацијата сè уште не се јавно познати. Тие истакнаа дека положувањето на заклетвата, како и на другите делови од инаугурацијата, може да се следат во живо.

Ова нема да биде прв пат Гага да ја изведе химната пред многубројната публика. Таа веќе го стори тоа во 2016 година на „Super Bowl“ и доби комплименти.

Пејачката со новоизбраниот претседател Бајден има и „историја“. Кога по изборите во САД кон крајот на 2020 година сфати дека ќе победи, на Твитер го објави следново:

Џо Бајден, Камала Харис и сите американци, вие само што му го покажавте на светот најголемиот чин на љубезност и храброст, кој човештвото сè уште го нема доживеано. Ве сакам, напиша Гага.

Во 2017 година, Бајден и Гага исто така снимија видео со порака за борбата против сексуално насилство. Обраќањето пејачката го објави на својот профил на Твитер.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот