Лејди Гага го обединува светот: Вечерва во 20 часот гледајте го виртуелниот концерт со повеќе од 100 светски изведувачи

Instagram

Пејачката Лејди Гага е дел од организацијата на проектот „Еден свет: Заедно дома“, кој ќе се одржи вечерва и ќе биде виртуелна телевизиска манифестација, со која ќе им се оддаде признание на здравствените работници.

На шестчасовниот концерт присуството го најавија повеќе од 100 изведувачи од целиот свет, меѓу кои и Пол Макартни, Стиви Вондер, Били Ајлиш, Алиша Кис, Селин Дион, Камила Кабељо…

Целта на концертот е да се даде поддршка на здравствените работници што се борат со коронавирусот.

Шоуто ќе се емитува истовремено на Еј-би-си, Ен-би-си, Си-би-ес и Хартмедија и Белмедија вечерва, во 20 часот по македонско време. Повеќечасовната програма ќе оди во живо и на Фејсбук, Инстаграм, Амазон прајм, Твитер и Јутјуб.

Водители на ТВ-специјалот ќе бидат Стивен Колбер, Џими Фалон и Џими Кимел.

Лејди Гага го организира „виртуелниот концерт“ заедно со движењето „Глобал ситизен“ и со Светската здравствена организација и нагласи дека вечерва нема да се собираат пари, туку целта е забава и испраќање порака на солидарност.

„Оставете ги вашите паричници, седнете и уживајте во шоуто“, рече Лејди Гага.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот