Лејди Ди морала да стои и да се фотографира, а Меган од сето тоа ќе биде поштедена

Фото Профимедиа

Меган Маркл и принцот Хари потврдија дека нивното прво дете ќе се роди во апсолутна тајност, а светот ќе биде известен дури откако кралскиот двор ќе прослави по тој повот.

Принцезата Дијана го немала тој луксуз, ниту пак војвотката Кејт Мидлтон.

Тие, со своите први бремености ги родија идните кралеви на британскиот трон, па затоа и според протоколот, требаше веднаш по пуштањето од болница да се фотографираат. Според кралската линија, веднаш по кралицата Елизабета, за наследник на тронот е принцот Чарлс, потоа принцот Вилијам, а по него, малиот Џорџ Александар Луис.

Принцезата Дијана, која е мајка на Вилијам, како што се открива во книгата „Викајте ме Дијана“, поминала низ вистински пекол по раѓањето на принцот.

Таа едвај можела да оди, бидејќи ја болела раната од породувањето. Со силен напор ги издржала неколкуте минути фотографиеање, а веднаш откако заминале репортерите, почнала да плаче од болки.

Кејт Мидлтон и Вилијам малиот Џорџ го покажаа еден ден по раѓањето, додека Шарлот и Луи само неколку часа потоа.

Меган Маркл воопшто нема да има ваква обврска, бидејќи таа е сопруга на Хари, кој е шести по ред во линијата за наследство на тронот, а нивното дете ќе биде седмо по ред.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот