ЛЕГЕНДИ ВО АКЦИЈА: „Дрим тим“ за нов Милан!

twitter.com/acmilandata

Еден од најдобрите хрватски фудбалери на сите времиња, Звонимир Бобан би можел ова лето да се врати во Милан каде што остави длабока трага како играч, пренесуваат италијанските медиуми.

Бобан доби понуда да биде новиот спортски директор на „росонерите“ и тоа на повик на легендарниот Паоло Малдини, поранешен соиграч од Милан.

Во наредните денови, пак, се очекува Малдини да ја преземе функцијата технички директор и крои тим за голема дела. Бобан и Малдини вкупно 10 години беа соиграчи во Милан, од 1991 до 2001 година, додека Хрватот во последните три години беше заменик генерален секретар на ФИФА.

Потсетување дека Џенаро Гатузо ја напушти тренерската клупа, си замина и директорот Леонардо, а на „Сан Сиро“ е потребен еден одличен преоден рок ако сакаат да се вратат на старите добри патеки.

Минатата сезона ја завршија како петтопласирани во Серија А, а последните информации велат дека УЕФА ги суспендираше постапките против клубот во однос на Финансискиот фер плеј, додека не се реши минатогодишната жалба во ЦАС.

Тоа значи дека Милан нема да биде исклучен од Лига Европа, но тоа може да се промени во зависност од конечната пресуда по жалбата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот