Легенди на Олимписки игри: Емил Затопек – „Чешката локомотива“

Фото: Profimedia
Атлетичарот Емил Затопек кој има освоено пет олимписки медали (четири златни и една сребрена) ќе остане запомнет како атлетичар кој на ОИ во Хелсинки 1952 година освои три златни медали на најдолгите тркачки дисциплини.
Фото: Mary Evans Picture Librar / Profimedia

Гордоста на Чешка, и на поранешната Чехословачка, легенда на кралицата на игрите, атлетичарот кој го воодушеви светот, Емил Затопек ќе остане запомнет како атлетичар кој на Олимписките игри во Хелсинки 1952 година ги освои златните медали на трите најдолги тркачки дисциплини.

Емил Затопек и сопругата Дана Затопкова споделуваат бакнеж, со која споделуваат и ист ден и година на раѓање / Фото: Profimedia

Затопек во Хелсинки беше најбрз на 5.000 и 10.000 метри како и на маратонската трка на која се појави во последен момент и за прв пат во животот трчаше на најдолгата трка.
Тој е единствениот атлетичар во историјата на Олимписките игри кој успеал да ги освои златните медали на трите најдолги тркачки дисциплини и тоа на едни Игри.

Најголемата победа во Хелсинки дефинитино му беше таа на маратонот кога дури имаше време и да зборува со фотографите и да ги поздрави навивачите покрај патеката. Кога го прашаа како би ја опишал трката, неговиот одговор беше само еден збор: „Досадно“.

Затопек исто така е првиот атлетичар кој делницата од 10.000 метри ја истрча з апомалку од 29 минути. Многумина го сметаат за најдобриот тркач на 20. век, а беше познат и по бруталните методи на тренинзи кои ги потврдуваше во своите изјави: „Не сум доволно талентиран за да се смеам и да трчам во исто време“, „Тоа е граница на болката и патењето која ги одвојува мажите од децата“, „Тоа беше најдобра исцрпеност која некогаш сум ја почувстувал“.

фото: profimedia

Емил Затопек првото злато го освои на првите ОИ по Втората светска војна кои се одржаа во Лондон. Тој на трката на 10.000 метри сите финалисти освен второ и третопласираниот ги престигна за еден круг. На истите Игри, на трката на 5.000 метри златниот медал му избега за еден и пол метар иако во последните два круга заостануваше околу 100 метри зад Белгиецот Гастон Рајф.

Неговиот прекар беше „чешка локомотива“ поради стилот на трчање. Беше влијателен во комунистичката партија во тогашна Чехословачка, но поради поддршката на демократкото крило по „прашката пролет“ беше сменет од сите функции и како казна беше испратен на принудна работа во рудник.

Емил Затопек почина во Прага по тешка болест во 2000 година. Кон крајот на истата година Олимпискиот комитет постхуимно го награди со медалот на основалот на Олимоиските ири, баронот Пјер де Кубертен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот