Легенди на Олимписки Игри: Џеси Овенс – човекот кој го шокира Хитлер и беше понижен од сопствениот претседател

фото: Profimedia

Легендарниот американски атлетичар кој освои четири златни медали на ОИ во Берлин 1936 година, во својата биографија подоцна напиша дека Адолф Хитлер го поздравил кога поминувал покрај него на церемонијата на доделувањето на медали, додека неговиот престедател, Френлин Рузвелт не сакал да го прими во Белата куќа.

Џејмс Кливленд Овенс (12 септември – 31 март 1980) е вистинско име на легендата на светската атлетика кој на Олимписките игри 1936 година освои четири златни медали.
Името му го „скрати“ професор во основно училиште кој не го разбрал кога се претставил како Џеј Си.  Џеси беше најмалото дете во семејството, покрај шесте браќа и сестри, но само тој покажуваше афинитети кон спортот. Постои дури и легенда која вели дека неговиот татко Хенри се обложил во својот живот дека Џеси ќе биде голем спортист. И беше, еден од најголемите на сите времиња.

– Ми беше идол, инспирација, човек поради кој почнав да тренирам атлетика. Мислев дека никогаш нема да го направам тоа што Џеси го стори во Берлин, но те се случи – зборуваше уште една легенда на светската атлетика, Карл Луис по ОИ во Лос Анџелес 1984 година кога исто така освои четири златни медали.

Собори три светски рекорди за 45 минути

Пред да го шокира нацистичкиот лидер Адолф Хитлер кој беше убеден дека „ариевската раса“ ќе доминира на Игрите во Берлин, светот една година порано слушна за Џеси Овенс.
На митинг во Мичиген го израмни светскиот рекорд на 100 јарди (91 метар) и постави нови светски рекорди на 220 јарди (200 метри) и на 220 јарди со пречки.
Трите рекорди го внесоа во Гинисовата книга на рекорди бидејќи ги собори во рок од 45 минути.

фото: Profimedia

Во Берлин замина како најголема американска надеж, а се врати како легенда на светската атлетика.
На Игрите во Берлин кои ќе останат запомнети по пропагандата на Хитлер, Џеси Овенс го натера светот да зборува за него. За црномурестиот атлетичар кој освои четири златни медали, подвиг кој претходно никој не го оствари и беше незамисливо да се израмни се до Карл Луис и ЛОИ во Лос Анџелес 1984 година.

Подвигот кој го излуди нацистиот лидер беше во август, на трети август победи на трката на 100 метри, наредниот ден на скок во далечина, на петти август на трката на 200 метри и на деветти август славеше на штафетната трка на 4х100 метри како дел од супер тимот во кој беа уште и Меткелф, Дрејпер и Вајкоф.

Овенс немаше среќа да настапи на други ОИ бидејќи предвидените Игри во Хелсинки 1940 и Лондон 1944 не се одржаа поради Втората светска војна и многумина сметаат дека поради тоаостана покус за уште неколку златни едали.

Се тркаше и против коњи

По ОИ во Берлин, Џени Овенс остана во атлетиката но не беше премногу активен, повеќе се рекламираше на разни натпреварувања и ги предизвикуваше локалните тркачи. Ги победуваше на 100 јарди притоа давајќи им предност од 10 до 20 јарди.
Овенс дури предизвикуваше на и тркачки коњи па дури и победуваше. Подоцна откри дека не беше тешко да се победат коњите бидејќи тие беа преплашени од истрелите на стартот од трката, момент што на легендарниот атлетричар му даваше одлучувачка предност.

За жал, Овенс беше страствен пушач и во 67 година од животот почина од рак на белите дробови во Аризона. Тогашниот претседател на САД, Џими Картер присуствуваше на погребот.
Ниту еден спортист како Џеси не ја претставувал борбата за човештвото против тиранијата, сиромаштијата и расното лицемерие. Џеси засекогаш ќе остане легенда, генерации ќе го пренесуваат гласот за легендата на Џеси Овенс – зборуваше престедателот Картер.

Хитлер го поздрави, Рузвелт го понижи

фото: Profimedia

Митот за Џеси Овенс дојде до невидени размери не само поради неговите одлични резултати, туку и поради односот на Адолф Хитлер кон него и неговите победи. Хитлер ги искористи Олимписките игри како политичка пропаганда и доказ за „супериорноста на ариевската раса“ над остатокот од светот. Германија беше  најуспешна нација на Олимписките игри, но германскиот успех го засени црномурест атлетичар и тоа со супериорни победи над гермнаките спортисти.

Наводно Хитлер не сакал да му честита на Џеси Овенс но самиот алтлетичар во својата биографска книга „Приказната за Џеси Овенс“ пишува нешто друго:
Кога поминав покрај канцеларот, тој стана и ме поздрави така што мавна со раката, и јас го сторив истото. Мислам дека хроничарите на тој настан  претераа во лошиот приказ на гермаскиот Фирер – пишува во биографијата.

Хитлер но и германските навивачи на Олимпискиот стадион во Берлин највеќе ги растажи победата над домашниот атлетичар Лук Лонг кој го освои сребрениот медал во скок во далечина. Иако не му беше мило на Хитлер, германскиот атлетичар му честита на победата на Овенс, а подоцна станаа и пријатели. Но, Лук Лонг како војник на германската војна загина во 1943 година.
За иронијата да биде поголема, тогашниот претседател на САД, Френклин Д. Рузвелт во тоа време беше преокупиран со кампањата за претседателските избори и поради стравот од реакцијата на дел од сојузните држави во САД, одби да го прими црномурестиот атлетичар во Белата куќа. Потоа Овенс изјави дека токму претседателот Рузвелт го понижил, а не Хитлер.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот