Легенди на Олимписки игри: Александар Медвед – кралот на борењето

фото: profimedia

Александар Медвед е најдобриот борач во слободен стил во 20. век и е единствен кој освоил три златни медали на Олимписките игри – во Токио 1964, Мексико сити 1968 и Минхен 1972 година.

Кариерата и освоените медали на големите натпреварувања се вистинска инспирација за младите борачи, а негово презиме најдобро го отсликува неговиот карактер и менталитет.
Александар Медвед, Белорусин кој е роден во Украина е најдобриот борач на 20. век во слободен стил.
Не се сметам за најдобар, но знам дека многу му дадов на борењето, исто како што и борењето ми даде на мене.

Медвед седум пати беше светски шампион (1962-63, 1966-67, 1969-71), три пати европски шампион (1966,1968,1972), додека на Олимписките игри освои три златни медали по ред, Токио 1964, Мексико Сити 1968 и Минхен 1972 година и таква доминација на Игрите никогаш немало дотогаш, но и потоа.

Интересно е дека настапуваше во различни категории, во Токио настапи во полутешка категорија, во Мексико сити во тешка, додека во Минхен доминираше во супертешка категорија.
Во периодот од 1962 година па се до пензионирањето во 1972 година, Александар Медвед загуби само во едно финале, и тоа на СП 1965 година кога е поразен од Турчинот Ахмер Ајик. Борбата во регуларниот дел заврши нерешено, но титулата ја освои Турчинот Ајик поради помалиот број на лоши оценки.

Уште еден куриозитет за Медвед е тоа што никогаш немал повеќе од 105 килограми, а често се бореше со противници кои од него беа потешки најмалку 20 килограми.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот